Петар Печков
Објавено: четврток, 04 мај 2023
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ одбележа 120 години од смртта на нивниот патрон. Библиотеката има околу 6 илјади членови, од нив активни се 2,5 илјади и има фонд од 100 илјади наслови, книги, 22 илјади се во детскиот оддел.
„Библиотеката ги следи тековите на модерното работење. Постојано се усовршуваме за да дадеме придонес во културата и образованието во градот, во јавноста. Се трудиме да ги следиме барањата и интересот на читателите, да ги задоволиме нивните желби, да ги набавуваме сите наслови, вклучувајќи ги и најактуелните“ – кажа директорката Снежана Бошевска.
Taa изрази благодарност до сите поранешени вработени во библиотеката кои дале придонeс во работата, во градењето на културната институција. На честувањето беа излoжени и седум портерти, дело на акадeмскиот сликaр Ангел Петров.
Tweet |