речник контакт

Велешката болница помеѓу двете светски војни

Во 1934 год лечењето се плаќало 28 динари а заразните болести биле ослободени од плаќање, а исто така и државните службеници. Илустрација ретки фотографии од велешка болница од овој период

Петар Печков

Доктор Атанас Ѓорѓиевски ја истражувал работата на Старата болница во Велес во периодот од 1922 до крајот на Втората Светска војна. Според пишаните документи,  во  болницата во Велес   долго  работел  Хрватот   д-р  Антун  Сасо  Тој   во  својот  извештај  упатен  до  санитетската  управа  во  Скопје  дава  опис  на  ,,Среска  Болница,, у  Велесу,, .

 Во  извештајот  болницата  е  опишана  како  зграда  која  имала  капацитет  од  150  кревета  распоредени  во три  оддела  и  тоа  одел  за  возрасни,  одел за  деца,  одел  за  заразни  болести. Болничката  зграда  имала  вкупно  26 простории во  кои  биле  поставени  болничките  соби,  располагала  со една  операциона  сала  и  една  соба  за  преврски, потоа  просторија  за болничка  аптека,амбуланта, просторија  за  болничарите магацин, кујна, перална, санитарен чвор, соба за администрацијата  и  соба  за управникот на  болницата.

 Болницата  добивала  вода  од  раштанскиот  водовод, храната  ја  приготвувала  самата  болница  и  имала кујна  со капацитет за  100 пациенти. Греењето  било  на  ќумбиња на  ќумур. Околу  Зградата имало  убаво уредено  паркче  за болните. Над  болницата  имало  базен  за капење. 

Во  склоп  на  болницата  покрај  Д-р  Сасо  работела  и  Д-р  White, американка, која била  хирург  и  таа  во  велешката болница  обавувала   операции .Во  1924  во болницата  работеле  23 вработени  од  кои  имало 2  лекари , покрај  Д-р  Сасо  сега  работела  и  Докторката Станислава  Симоновиќ  Илич  која  имала  завршено  во  градот  Ненси,  Франција- објаснува д-р Ѓорѓевски.

 Во овој период покрај  Болничката  зграда  имало  и  морга, капела  и  друга  болничка  зграда  во  која  било  сместено  заразното  одделение и  пералната.  

Во  тоа  време  1934 год лечењето се  плаќало  28  динари  а  заразните  болести  биле  ослободени  од  плаќање, а  исто  така и  државните  службеници. Како  болница  на  градот  Велес овој  објект, Стара болница  работи континуирано додека  после  докторот  Сасора ботеле други лекари  како управници Д-р Косиќ Катерина, потоа Д-р Иван Виноградски,  д-р  Плавшиќ. 

Велешката  болница  континуирано работела  во  овој  објект  и  во  периодот  на  Втората  светска  војна. Имено  тогаш  како  управник бил   Д-р Прванов  именуван  од  страна  на  Бугарските  окупациони  власти. Во  тој  период  Бугарските   власти  како  вработен  во  болницата  го  затекнале  Д-р Јаков Калдерон  кој  бил  евреин по  националност  и кој  1942 бил  депортиран  во  некој  логор  иако  во  архивските  документи  стои  дека  добил  прераспределба  на  работното  место  во  друга  болница – додава д-р Атанас.

Болницата  работела  во  овој  објект  се  до при  крајот  на  Втората  Светска  војна кога  германските војски  краткотрајно ја  дислоцирале  болницата  во  склоп  на  Општинскиот  Суд  на  градот  Велес. Потоа  е  повторно  вратена назад . 

Илустрација се ретки фотографии од  велешка болнциа од овој период, кој ги пронашол д-р Ѓорѓиевски

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »