Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јануари 2020
Славче Радевски од комисијата за информирање на ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес реагира на преземените мерки на локалната власт за загадениот воздух кој го дишат велешани.
Мерната станица за квалитет на воздухот со денови покажува енормно загадување, односно наместо чист воздух граѓаните на Велес дишат отров! Каде сте сега господине Коциќ како прв екологист да се заложите и да сторите нешто за почист воздух? Очигледно дека екологијата Ви беше карта која Ве донесе во таа фотелја во која седите и ги уживате привилегиите како Претседател на Советот на општина Велес. Излегува на површина Вашата неспособност да се справите со загадувањето, затоа што и покрај мерките кои ги донесе општината како превентива од загадувањето, мерната станица повторно покажува загадување на амбиенталниот воздух неколку пати повеќе од дозволената граница.
Дискутабилна и контроверзна е и работата на Вашиот општински инспектор за животна средина, а за пропустите во работата говори и новото загадување од Маслодајна. Сарказмот да биде поголем во изјавата на менаџментот од Маслодајна дознавме дека вие сте известени како локална власт. Со ова само уште еднаш излегува некоординираност на службите.
Господине Коцевски, Велешани сакаат конкретни дела и итно и неодложно решавање на проблемот со загадувањето. Не сакаат повеќе да се гушат и да ги гледаат црните облаци кои надвиснуваат како ѓаволски превез над градот. Вие како власт на граѓаните им должите објаснување и одговор зошто не реагирате на неодговорното и несовесно работење на регионалниот инспектор за животна средина, секако владата е Ваша! Ветувавте многу во делот на заштитата на животната средина. Ветувавте чист воздух, но не сторивте ништо - кажа Радевски.
Tweet |