Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2026
Велешката пастрмајлија е многу слична со тие што се подготвуваат во Азербејџан и во Турција, беше кажано на денешната прес конкуренција на 15 мастер шефови, кои неколку дена се гости во Велес преку здружението Гастромак.
„Многу добро ја познавам балканската храна, кујна, вашата пита пастрмајлија според вкусот е најблиска до такви од Азербејџан и Турција. Се подготува на сличен начин, со тоа што вашата има свинско месо, од Азербејџан јагнешко а во Турција е мешано месо. Велес не треба да се грижи, традицијата со пастрмајлијата ќе продолжи. Од ова јадење можете да направат гастро туристичка дестинација, да биде цел на гости кои ќе ја конзумираат. Рестораните мора да се здружат, да не се гледат како конкуренција и да бидете успешна приказна“ – рече Драгица Лукин од Хрватска.
„Во нашите кујни имаме многу заеднички јадења, вкусови. Продуктите кои се користат во Турција, се користат и тука во Македонија“ – изјави Емре Коксал од Турција
„Сум живеел во Русија, Азербејџан и слично јадење на вашата пастрмајлија се подготвува во тој крај на Кавказјето. За жал традиционалната кујна во светот пропаѓа, младите не ја сакаат традицијата“- порача кулинар Дон Давид од Азербејџан.
Италијанскиот шеф мајстор направи споредба на питата, пицата и фокачо, идентичен специјалитет од југот на Италија.
„Питата и пицата се многу слични, не само во зборовите. Видов дека вашата пита е многу слична на нашата пица но и на фокача која е слична на пицата, пекарски специјалитет од регионот Пуља -Бари од каде доаѓам. Брашно, вода, тесто, сол се исти состојки кои се користат, само топингот, додатокот ги прави разчлични“ – вели шеф мајсторот Доменико Маги.
Денес вторник, среда и четврток тие 15 шефови на кујни од различни држави ќе имаат предавања за учениците и заеднички ќе подготвуваат јадења. Нивното гостување е реализарано со помош на локалната власт.
„За прв пат имаме толку авторитети, тоа е можност да го промовираат во светот, Велес и неговата храна“ рече градоначалникот Колев.
Понеделникот се одржало Дипломатско котле со 10-тина гости амбасадори, се подготвувале велешки специјалитети, кои биле претставени на гостите, што според Адријана Алачки од здружението Гастромак, било промоција на Велес.
| Tweet |






