Петар Печков
Објавено: среда, 12 октомври 2022
Една од проблематиката со која се судрува велешката полиција се и дровкрадците на огревно дрво.
Кога се разгледуваше годишниот извештај за 2021, командирот на ПС Велес Алексадар Костов кажа дека бројот на откриени дрвокрадци е мал, оти немаат возило, па морат да чекаат интервенција заедно со ШС „Бабуна“ или со шумската полиција.
Потоа додека заминат на терен,сторителите ги немало. Тој се пофали дека по првите шест месеци од годинава, состојбата е подобрена.
„Има пет пати поголема заплена на нелегално пресечено огревно дрвја, и заплена на возила кои тоа го пренесуваа. Во меѓувреме добивме едно возило „лада “ и едно „рекстон“. Подобрена е состојбата, подобрено е движењето на терен. Таа проблематика во првата половина на годината не е така актуелна. Дрвокрадството започнува со есенските денови. Така што бројките на откриени случаи за цела година, во следниот годишниот извештај ќе бидат поголеми“ - кажа Костов.
Tweet |