Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 декември 2011
Во текот на изминатата седмица СВР Велес извршила повеќе редовни контроли за пиротехнички и распрскувачки материи, при што во три наврата од лица кои вршеле продажба, одземени се вкупно 4450 разни пиротехнички и распрскувачки материјали и тоа:
На ден 22.12.2011 година од лицето А.К. (24) од Велес одземени се вкупно 2240 разни видови петарди и огномети.
На ден 23.12.2011 година од лицето З.Ц.(50) од Велес со Потврда одзеени се вкупно 1670 разни видови петарди, огномети и ракети.
На ден 24.12.2011 година од лицето Р.К. (25) од Велес со Потврда одземени се вкупно 540 разни петарди.
Против сторителите велешакта полиција ќе поднесе соодветни пријави.
Досегашните искуства говорат дека за време на Новогодишните и Божиќните празници зголемена е употребата на оружје, експлозивни и пиротехнички средства, што понекогаш знае да биде и кобно, односно, да предизвика поголеми или помали последици.
Заради безбедно и пригодно одбележување на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Велес апелира до граѓаните: „ Експлозивните материи да не бидат дел од вашиот начин на прославување и одбележување на овие празнични денови, токму поради тоа што истите можат да нанесат трајни штетни последици за лицето кое ги употребува, но и за лицата кои се во близина “ .
Tweet |