речник контакт

Велешката полиција со кривични пријави за две лица кои превезувале дрво за огрев а немале лиценца

Во еден од случаите, 18 годишник го возел камионот а немал возачка дозвола

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.С.(59) од Бузалково, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 04.06.2020 во периодот од 17.30 до 18.30 часот, на ул.„11 Октомври“ во Градско, при контрола на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници констатирале дека во просторот наменет за товар М.С. врши транспорт на огревно дрво, без притоа да поседува лиценца за него - соопшти МВР.
 
СВР Велес поднесе известување против Ф.Џ.(18) од Бузалково, велешко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“.  На 05.07.2020 во 14.30 часот на патот Кавадарци - Манастирец, пријавениот со товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки,  превезувал огревни дрва сопственост на фирма од Бузалково, но не поседувал лиценца за  вршење на јавен превоз, ниту дозвола за управување со моторни возила - информираше МВР. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »