Петар Печков
Објавено: недела, 14 април 2024
Велешката полиција продолжува со едукацијата на граѓаните. Во акцијата која беше спроведена, лицата од повозрасната категорија беа запозанти со измамите од областа на компјутерски криминал „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
„Целна група беа повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање, на кои им се укажуваше и појаснуваше за формите на овие видови на измами, презентирани најчестите смс пораки со кои се повикуваат да платат мал износ парични средства за одреден продукт, а всушност се предмет на кражба на податоци од нивните платежни картички. Исто така, им беше укажано околу начините и постапките кои треба да ги преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела“ – сооштија од МВР.
Превентивно - едукативна активност беше во рамките на кампањата на министерството насловена како „Безбедна заедница - мирна заедница“ со посебен акцент за превенција од кривични дела од областа на компјутерски криминал „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На подрачјето на Општина Велес, ја спроведоа полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал.
Tweet |