lj lkjl
Објавено: среда, 24 мај 2006
По едномесечно работење период во кој се отворени 500 сметки на приватни лица, 50 на претпријатија и одобрени 100 бизнис кредити во износ од 200 000 евра, денеска и официјално се отвори велешката филијала на ПроКредит Банка. Банката со 100 % странски капитал дава свој придонес во намалувањето на каматните стапки неопходни за развој на малите и средни претпријатија. Отварањето на ПроКредит банката во Велес претставува логичен чекор во развојот на добрите односи на Холандија со Велес, истакна Арлинда Идризи од холандската амбасада. За градските власти, новата банка претставува надеж дека во Велес ќе се подобрат банкарските услови за развој на стопанството, а градот економски Ќе се мобилизира. Во филијалата на ПроКредит банката која нуди полна банкарска услуга вработени се 14 лица.
Tweet |