Петар Печков
Објавено: сабота, 29 март 2014
А башка од тоа во Велес имаше и... осум до десет партии на чалгии организирани... Велешките чалгии се прочуени. Тие свиреа и по кафанчиња, а свиреа и по свадби.
А рековме за чалгиите, еден од најдобрите чалгии и... сеа ги викаат и чалгаџии, не знам зашто така, чалгиџии се викале е чалгијата на Ал’о Тончов. Тоа е најдобрата чалгија. Значи, он свиреше виолина, со виолината има еден инструмент ут се викаше, џумбуш и дајре. Четворица, понекогаш петина некого ќе викнат за да седи тука да пие и да поиграе.
(Костадин Коцев, 1932)
Чалгаџии имаше ли многу?
Имаше неколку чалги тука, велешани... Имаше, тие шо беа, првите чалгии шо беа од Велес... тоа се од Велес, значи, кога дојде Тито... значи четириесет и пета – и четврта година и пета... и сефте коа да се фане... да се образова чалгија... Велешката чалгија најнапред отиде во Скопје... и кога јавуеја тогашното време, да ви кажам, четириес пета и шеста година, коа се отвори тоа радиото да свири... коа се пушти... вика: „Ќе свири велешката чалгија!“... тогај така споменува, тоа да го знаете... Тоа е познатата Велешка чалгија отидоа за Скопје да свири... Имаше Емин еден... од тие... Емин... после имаше Гељо Џагата, Пенчо Калин, Ал’о Гончов... тие сите старите, најстарите чалгаџии отидоа да свират таму... отидоа... Ал’о Тончов му викаа да остане за тоа... преку радиото оти убо свиреше... „Не можам, вика ја!“... оти он одеше по свадби... После па фана... он беше таму у Кавадарци познат, одеше се у Кавадарци, ногу пари земаше отаде... таму имаше негова чалгија – кавадарчани, ги напраи таму кавадарчани и со него одеа – коа праеја свадби у Кавадарци он ока пари земаше, ногу пари зимаше... Ете тоа е, инаку... тие ете шо беа чалгиџии друзите...
А шо инструменти имаа?
Имаше,... види... дајриња, дајрето, лаутата, тие... ќемане - со ќеманиња свиреа поише..., кларинет...
Канон има ли?
Канон немаше тогај... немаше канон тогај... и имаше лаута, тамбура – тамбурине оние шо се коо тур... турските дебелите – тамбура е... таа е... кларинет...
Виолина?
Епа ќемане е тоа, ќемането, ќемане го викаа...
На тоа ли свиреше Ал’о Тончов?
На ќемане, на ќемане, ние тогај... на вјолина... после се... отпосле е дојден тој збор кај нас... ќемане... ние со ќемане... Имаше еден Петре Читкуш пак, Петре Читкуш па тој, па да ти кажам за него... коо сефте па, и он... „Керамичар“ коа образоваа... овие Порцоланова сефте чалгија образоваа... на игралиште ќе биде... е- еј кај фудбалот шо се игра... И таму, се направи една бина, ќе одиме сите, ќе свират чалгии од Велес... вој... Танго... Танго шо беше... Танго – Иван... Иван Танго – Капелник. Он беше... нели свиреше он и на труба... он беше главен... он беше за тоа мајстор... И ги собра он, ги организираше така... и се собраа чалгии од Велес, арно ама Петре... од деда Адама ќемането... негово... и он стар и он стар. Арно ама сега види шо е... се собраа деца од нашето маало сите... на игралиште сите одеа... ние бееме големи... И он сеа сирома... кај него, него го познаваа Читкушот Петрета... и он вика: „Дотерајте си ги инструментите!“... Танго вика: „Ајде дотерај ги настрана.“- секој да ги наштима тоа жиците, па да му биде... готово, оти коа ќе почне... народов се собира веќе навечер се собраа... Арно ама, едни окус-кокус деца, да ги не речам... е, сеа, може и ние да сме биле такви, не бееме поарни... и сеа децава ми викат: „Петре!“- он, што има таму и гледа накај публикава, а вие го познаваат децава, комшиски негови му вика, „Петре, да ти... вика ќемането полно со тавтабити натре!“ И он им вика вака: „Трајте да не ве чуе Иван Капелников!“... оти старо беше ногу ќеманево... и сеа они пцујат... така го пцујат тоа... Абе, он... „Трајте“ со прстот им вика... да не чуе Капелников да не рече: „Шо ти, зошто вака ти викаат?“... и сега да не се посрамоти... И па-а... они му викаат. Он само вака со прс на устата вака им вика... „Абе немојте бе не викајте!“... И така... свиреа... и свиреа вечерта убоо и он беше смешен со тоа... имаше илјадо работи смешни таквија, некои смеи такви тогај... старите...
А по свадби како, со чалгии се свиреше?
А-а-а чалгија, немаше друго, а не друго...
Дома се правеа свадби, кај...?
Свадби се правеја, кој како има пари... ќе си пазари свадба – чалгиите... имаше три четири рала чалгии, тука, низ Велес... не беше една и... имаше... поише чалгии имаше... Имаше тие... имаше еден пајтонџија тој... Гогата... и тој беше свирач... у чалгиите свиреше и тој... Гогата пајтонџијата...он ... Друзи не можам да ти кажам сеа... некои шо сум ги заборавил така... не можам поише тија.., свиреа – ногу свиреа...
текстот е од книгата ,,Така се зборува во Велес,, од Снежана Петрова Џамбазова
Tweet |