Петар Печков
Објавено: среда, 24 август 2022
Велешки Борец со пораз на домашен терен, ја започна фудбалската сезона во Втората лига, која годинава е единствена и брои 16 екипи.
Гостите од Виница дојдоа во водство во 8` минута преку Тасевски, а зголемија во 43. минута со голот на Николов, откако топката мина низ нозете не четворица велешки фудбалери вклучувајќи го и голманот.
Дамјан Николовски во 49-тата минута намали на 1:2, што на крајот беше конечен резултат Слога Виница го заврши мечот со играч помалку затоа што во 84` беше исклучен Богдан Велиновски но велешани нема успеаја за 12 минути, колку што се играше до крајот да израмнат.
Во следното коло, в сабота, во Струмица се игра натпревар на ланските прволигаши ФК Беласица и ФК Борец.
Головите од натпреварот можете да ги погледнете тука
Tweet |