Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јули 2016
Ракометниот суперлигаш ГРК Борец од Велес, во пресрет на новата сезона, се засили со четири нови ракометари.
Во клубот дојдоа Бобан Андовски ( 27 год) кој игра на позицијата централен бек и дојде од Вардар Јуниор, пикерот Игор Павловски (35 год) кој пристапи од РК Радовиш, десниот бек Кристијан Давитковски ( 20 ) и велешанецот осумнаесет годишниот Антонио Јаневски кој играше за екипата на Вардар2.
Андовски и Павловски потпишале на една година, додека Давитковски е позајмен ракометар од Металург. Претходно во Борец се вратија Ивица Илиев и Миле Ордев, кои се вратија во матичниот клуб откако претходно играа во РК Радовиш.
Клубот ги продолжи договорите со левото крило Зоран Стојановски, десното крило Мартин Гинов и левиот бек Ангелче Органџиев. Од ГРК Борец заминаа бекот Ивица Лазаревски, Кире Мачавелов и голманот Александар Стојановски.
Под водство на тренерот Васко Василев подготовките за новата сезона започнуваат на 3-ти август. Плановите за следната сезона се ГРК Борец да се пласира во средината на табелата
Tweet |