Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2006
Со помош на децата од градинката Димче Мирчев, Велес накратко беше вистински Дизниленд. Со игра и забава тие се простија од другарчињата од градинката. Стотина деца преку ликовите на Штрумфовите, Снежана и седумте џуџиња, семејството Каменко, Пинк Пантер, Попај морнарот, јунаците на Волт Дизни Мики, Мини, Пајо и Пата го забавуваа преполниот амфитеатар во Младинскиот парк. Беше убаво и весело и збогум до есен, си порачаа најмладите од Велес.
Tweet |