Петар Печков
Објавено: недела, 26 септември 2021
Во дербито на екипите од дното на табелата, деветто и десетто пласираниот, победија гостите со 0:2 Двата гола скопјани ги постигна рано уште во 6-та и 13-ата минута, преку Христијан Кировски. ФК Скопје пред овој натпревар имаше една победа и на Градски во Велес ја забележа втората, колку што има и ФК Борец.
Ако пред почетокот на првенството управата и тренерот на велешани нe кажуваа какви им се амбициите, резултатите и играта по осум кола покажуваат дека велешкиот прволигаш ќе се бори за опстанок. По ова 8-мо коло, ФК Борец со седум бода е 10-ти, од 12 екипи.
Следното коло, в сабота ФК Борец гостува на шампионот ФК Шкенија во Тетово.
Во Градско вчера исто така се одигра дерби на екипи од дното на таблетата 9-мио пласираната ФК Локомотива и 10-ти пласираниот ФК Братско од прилепско Житоше. Со 1:0 победија домаќините. По ова коло ФК Локомотива е седма со четири бодови.
Следното коло, шесто по ред се игра следната недела а „локоси“ играат повторно дома и тоа со фаворитот ФК Победа од Прилеп, која е трета со 10 бода.
Tweet |