Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 мај 2012
Малолетник на возраст од 15 години, кој бил пуштен на викенд од велешкиот Поправниот дом , во неделата попладне истепал вработена во аптека на „Зегин“ во Штип и ја ограбил.
Разбојништото се случило во центарот на Штип. Момчето влегло во аптеката кога внатре освен аптекарката немало никого. Тој од неа побарал да му даде лек „промадон“.
Аптекарката му рекла дека нема, а потоа насилникот почнал да ја удира со тупаници по телото. Од ударите девојката паднала на земја, а малолетниот деликвент успеал од касата да украде 1.500 денари и избегал.
Полицијата брзо го фатила. Петнаесетгодишникот досега имал извршено повеќе имотни деликти, како и едно силување. Полицијата го вратила во поправниот дом и против него ќе поднесе кривична пријава за разбојништво
Tweet |