Петар Печков
Објавено: сабота, 12 октомври 2013
На Градскиот пазар интересна слика. Постапувајќи според стандардите за продавање на млеко и млечни производи, сирење, ЈКП Дервен изгради простории за продавање на сирење. Но интересна е сликата, наместо сирењето да биде внатре и заштитено од надворешните влијанија, тоа е на полицата а продвачите се внатре, уживајќи во ер коиндишните инсталирани за просторијата.
Разбирам дека треба да изложат нешто од сирењето за да не привлечат, но дел од продавачите сирењето го извадиле на полиците а тие се сокриле внатре. Зошто тогаш ги правеа овие простории за нив или заради хигиенските услови за сирењето – вели велешанец.
Друг пример е цвеќето кое цело лето беше до јавната чешма спроти Пошта. Тоа да било отровно и штетно по здравјето на луѓето. Иако требаше да биде бргу отстрането, тоа се случи дури по реакција на засегнат граѓанин.
Tweet |