Петар Печков
Објавено: петок, 29 септември 2017
Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Веле ја реализираше традиционалната културна манифестација „Велешки поетски бранувања“.
Поетското дружење на поетите од повеќе градови од Македонија, се одвиваше во пријатна атмосфера на Ликовниот салон, со звуците на пијано и виолина, со младите таленти од музичкото училиште од Велес.
Преку стиховите поетите презентираа дел од своите емоции, изворно од длабочината на поетската душа и срце.
Домаќините, од велешкиот Клуб на писатели, заблагодарувајќи им се на гостите за нивното присуство и учество, заеднички посакаа овие поетски средби на современите актуелни писатели на македонската литературна сцена да продолжат со уште поголем ентузијазам и во иднина.
„Велешки поетски бранувања“ се одржаа во соработка со општина Велес.
Tweet |