Петар Печков
Објавено: сабота, 31 август 2013
Концертот на велешките поп рок легенди и годинава ќе ги привлече велешани. Општина Велес во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија го организира концерт на Велешките легенди. Ќе се одржи на 3 септември (вторник) со почеток во 20:30 часот на Амфитеатарот во Младинскиот парк. На концертот се најавени бројни музички групи и солисти од Велес, меѓу кои групата Зрак, Соната, Виртус, Магична крв, Ла Манш, Саманта.
Tweet |