Петар Печков
Објавено: вторник, 29 декември 2009
Ова е велешкиот соживот. Во преден план Црна џамија позади неа, црквата Св. Богородица. Така е со векови.
Кога некој странец минувал низ Велес воодушевено прераскажувал, видел куќа врз куќа, покрив врз покрив а на него магаре пасе. На сликава го нема магарето, но затоа мачките уживаат на зимското сонце.
Ако некогаш врвот на ридот Св Илија беше празен, денес на него има мобилни релејни станици, апарати на центарот за известување, руиниран милениумски крст. Слика и прилика на нашиот градежен урбанистички хаос.
Tweet |