Петар Печков
Објавено: недела, 19 септември 2010
Уште една прекрасна вечер во амфитеатарот од Младинскиот парк, во која некогашните ѕвезди на велешките забави од холот на Гимназијата и друг корисен простор, покажаа дека знаат одлично да свират и се забавуваат.
Посетителите можеа да ги слушнат Оршата, Караколето, Бегинот, велешаните на времен престој во Скопје Трајче Органџиев и Битола Зоран Маневски, групата Ла Манш, Зрак, Трио Сомбреро... Со хитовите од тоа време некои се потсетија на својата младост, најубавиот дел од животниот пат.На сцената се појави и Марина Чурувија која во 197 и некоја, победи на Младинскиот фестивал во Суботица со нумерата Мојот сон, најголемиот успех на велешката музичка сцена.И покрај толку минати години, сите учесници знаеја да се дружат, забавуваат, да се почитуваат
Tweet |