Петар Печков
Објавено: среда, 20 декември 2017
Од годинава велешки театар воведува новина. ќе ги нaгадува најдобpиoт актер, актерка и сценски работник, кои се дел од вработените во ,НУЦК Театар "Јордан Х.К-Џинот" . Тие ќе се доделат за посебен работен ангажман во остварувањето на годишната програма на театарот
Управата на НУЦК Театар "Јордан Х.К-Џинот", Велес ќе ги награди најдобрите вработени од уметничкиот и техничкиот персонал на театарот кои дале посебен придонес за квалитетот на театарските продукции од Програмата за 2017 година и претставите од репертоарот на театарот - изјавија од велешки театар.
Наградите се состојат од статуетка, плакета и паричен износ и истите ќе бидат доделени во сабота, 23-ти декември, во 20 часот. Во чест на добитниците театарот ќе ја изведе претставата "Вдовицата се мажи", работена по текст на Чехов во режија на Младен Крстевски. Тој настапува во претставата зеадно со Васил Зафирчев и Марина поп Анкова.
Утревечер пак во 20 часот во фаојето на театарот е ,,ВЕЧЕР СО ПОЕЗИЈАТА НА РИСТО ЈАЧЕВ,, Модератор е Сашо Димоски. Избор од поезијата читаат: Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски Музичка придружба: Сашко Костов. Ова е нова програмска активност на театарот.
Во петок во 20 часот е "СИНИОТ ПОРТОКАЛ" од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Настапуваат: Фаик Мефаилвоски, Самоил Стојанвоски и Жарко Спасовски. Хуманитарна изведба за поддршка на проектот "Гуш и Бац" за реедукација на деца со Аутизам.
Tweet |