речник контакт

Велешки театар вечерва, петок, настапува на Фестивалот на алтернативен театар ФИАТ во Подгорица, Црна Гора, со претставата „Нема струја за електричниот стол“

Сабота на ФИАТ, исто така во официјална конкуренција, ќе биде изведена и претставата „Мац, Мац”. Таа е копродукција велешки театар со театарот „Пресврт“

Петар Печков

Вечерва, петок велешки театар  „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе настапи  на Фестивалот на меѓународен алтернативен театар ФИАТ во Подгорица Црна Гора. Во официјалната селекција е театарската претстава  „Нема струја за електричниот стол” во режија на Дејан Пројковски, работена  по текст на Александар Секулов. Во претставата која е дуо драма,  настапуваат Васил Зафирчев и  Исидор Јовановски. Таа ќе се одигра со почеток од 21ч на сцената на Црногорско Народно позориште. 

Истата претстава велешки театар  ја изведе во Пловдив, на фестивалот “Сцена на крстопат”, како и на сцената на Београдско Драмско Позориште преку меѓународниот протокол “Наши Денови”.

Следниот ден, сабота, на ФИАТ, исто така во официјална конкуренција, ќе биде изведена и претставата   „Мац, Мац”. Таа   е копродукција со театарот “Пресврт”, режија и кореографија на Филип Петковски, работена според “Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс.

Ова е второ меѓународно гостување на претставата, после настапот  ИТФ Приштина, каде беше и наградена. Претставата ќе се одигра на сцена на Културно информативниот центар со почеток од 19ч.
Доделувањето на наградите на ФИАТ е закажано за сабота вечер од 23ч.

На Фестивалот учествуваат театари од Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Италија, Франција, Летонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »