Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 мај 2023
Велешките актери, од театарот „Јрадан Хаџи Константинов џинот“ кои изминатата седмица паузираа од настапи на матичната сцена, поради одржувањето на фестивалот „5ре“, беа и се активни со гостувања.
Го затворија фестивалот на монодрамата кој се одржува во Битола каде во сабота ја изведоа претставата „Нема струја за електричен стол“ во режија на Дејан Пројковски. Вечерва пак, понеделник, гостуваат на Кочани на Фестивалот на аматерски театар, ДАФ 2023 каде ќе ја отвораат манифестацијата со претставата „Синиот портокал“ во режија на Александар Ивановски.
Претставата „Инферно“ на велешки театар е во програмата на годинашното издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Оваа седмица на репертоарот на велешки театар в сабота е претставата „Нема струја за електричниот стол“ а петок е гостување на српската актерка Лидија Вукичевиќ со проектот „Обвинителка„
Tweet |