Петар Печков
Објавено: четврток, 07 октомври 2021
Вечерва, четврток, во Прилеп, на 55-те Театарски игри Војдан Чернодрински, настапува во официјалната програма велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Тие на сцената на прилепски театар ќе ја одиграат претставата „Сестрите Прозорови“ која премеирнао беше изведена во јануари 2020-та година.
Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој улогите ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Костимограф на претставата е Раде Василев.
Tweet |