Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 април 2006
Велешкиот Градски парк делува празно и пусто, бидејќи ги нема посетителите. Иако локалната власт често го подновува со урбана опрема, канделабрите и клупите тие бргу се уништуваат. Ниту трудот на вработените од ЈКП Дервен за зазеленување на паркот и засадување на декоративни и мирисни егзотични дрва не доволна провокација за прошетка. Така мирисот и колоритот на бои, како пеењето на птиците се достапни само за ретките случајни минувачи.
Tweet |