речник контакт

Велешкиот градоначалник со подароци за опозицијата

Откако се вратија на седница, тие ги добија новогодишните пакетчиња

Петар Печков

Паузата од 71-вата седница ја искористи градоначалникот на Велес, Горан Петров за да им ги врачи подароците на советниците од СДСМ кои тие не ги одбија. И покрај недоразбирањата и препукувањата, тие си подадоа рака и задоцнето си честитаа Нова Година. 

Подароците се делеа селективно бидејќи власта ги доби на седницата од 24-ти декември, кога Советот работеше некомплетен со отсуството поради протести во Скопје. Така сега Дедо Мраз дојде задоцнето кај велешката опозиција. Имаше и календари за сите 23 советника, оти тие беа отпечатени подоцна.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »