Петар Печков
Објавено: четврток, 19 октомври 2006
На простор од едвај осум квадратни метри се наоѓа вистинско мало богатство од стрип-уметноста. Преку 12 илјади наслови на стрипови се сместени во потпокривот на домот на велешанецот Ване Трајков. Тој се смета за најголем колекционер на стрипови во земјава. Горд е што во негова сопственост се изданија што се единствени и вредат вистинско богатство на берзата. Има малкумина негови истомисленици во земјава и најчесто комуницира со колеги од Србија, Хрватска, Словенија.
- Љубовта кон стрипот кај мене се роди уште во далечната 1963 кога сестра ми од училиште ги донесе првите изданија на „Наш свет“, „Дечје новине“, „Кекец“. Таа љубов и денес трае - вели четириесет и осумгодишниот Трајков.Тој го има и првиот број на „Политикин забавник“ од 1939 година, а ги поседува првите изданија на стриповите на македонски јазик „Тарзан“, „Бетмен“ и „Супермен“, кој, пак, во 1963 година се викал „Челичното момче“.
За него е подвиг што овие изданија, први во тогашна Југославија, списанието „Наш свет“ ги пласирал и тоа на македонски јазик.Овие броеви се вистинско богатство на берзата на стрипови, но за Ване нема цена по која може да ги продаде. Вели не е важно колку пари чини, дали е евтин или скап, туку најважно е дали ги имаш или ги немаш.Точниот број стрипови не го знае бидејќи секогаш кога почнува да ги пребројува, никако да го заврши пописот, а во меѓувреме купува и нови изданија и продава стари.
Стриповите му се категоризирани по едиции, најмногу има од „Стрипотека“ и тоа сите 1.100 броја. Тука можат да се најдат и „Алан Форд“ и „Марти Мистерија“, „Загор“ и „Командант Марк“, како и „Фантом“, „Мандрак“.За да ги сочува стриповите, тој ги вакуумира во кеси, но бидејќи често ги отвора, се откажал од намерата така да ги чува. Трајков вели дека стриповите останале сочувани бидејќи ќерките не покажуваат интерес за нив, но доколку имал синови се сомнева дека ќе имало нешто зачувано.
- Денес нема интерес за стрипот, економската моќ на читателите е слаба. Поради тоа нема авторска ниту издавачка дејност во Македонија. Многу малку се носат и стрипови увезени од соседството, што порано добро котираа на пазарот - вели Трајков.
Тој, како извршен директор на македонскиот Стрип-центар во Велес, има издадено 16 броја на „Стрип-арт“ и четири броја од „Креатор“. Во рамките на Стрип-центарот работи и стрип-библиотека, единствена во Македонија во која посетителите можат да прочитаат некои од шесте илјади стрип-изданија.
Во негова сопственост се и сите броеви на „Никад робом“, каде што има и неколку епизоди од македонската историја, како што се „Гаврил Радомир“, „Карпош“, „Цар Самуил“, „Крушевската Република“, „Добромир Хрс“, „Ѓорги Војтех“, кои според негови сознанија се единствени примероци во земјава.Нив ги купил неодамна и тоа многу скапо. Своето стрип-богатство тој го чува во соба од потпокривот.
- Ова не е само мое богатство, тоа припаѓа и на Македонија и затоа имам желба да напишам книга за развојот и издаваштвото на стрипот во земјава - вели Трајков.Тој објаснува дека во светот мошне актуелни се стрип-албумите, особено од француско-белгиското подрачје, како што се авантурите на „Астерикс и Обеликс“ и на „Таличен Том“. Трајков успеал и да издаде два такви македонски стрипа, „Мис Стон“ и „Ајдучка чешма“.
Тој моментално е ангажиран околу издавањето на стриповите „Крале Марко“ и „Итар Пејо“, за што побарал и финансии од Министерството за култура.Со носталгија Трајков зборува за времињата кога стрипот бил актуелен, а сега компјутерите го истиснале на маргините.
За него е неразбирливо како денешните млади се откажале од задоволството да го почувствуваат мирисот на хартијата и бојата од стрипот, да го читаат пред спиење и да се бидат со него, и повторно да го препрочитаат, да се внесат во животот на јунаците, кои само во стриповите се непобедливи.

Tweet |