Петар Печков
Објавено: вторник, 29 ноември 2022
Велешкиот состав „Оловна рестрикција“а е избран за учесник на финалето од годишниот „Лузер фест“. Групата е оформена во 2009 година а бендот свири панк рок. Досега тие имаат свирено на повеќе концерти и нивната моментна постава е: Урум-вокал, Јоцо-гитара, Борче-бас и Горан-тапани.
Финалистите кои што ќе настапат на овогодинешниот „Лузер фест“ се Лузер, Беседа, Ендемски вид, Мензел, Харакири, HALFGOD, RUSTSTAINED, JEFF BAHAMI и велешкиот Оловна рестрикција.
Овие групи ќе настапат на 3 декември во МКЦ Скопје од 20 ч, на вечер посветена на новата музика од македонската сцена, која се враќа во офф програмата на „Таксират“, како предвесник на главната вечер на фестивалот.
Организаторите „Таксират“ / „Пасворд“ посочуваат дека изборот на победникот го прави публиката и жири кои ќе биде објавено непосредно пред настанот.
Tweet |