Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 јули 2016
Основниот суд од Велес од Републичкиот Судски совет е оценет , дека е ефикасен и ажурен. Ова било констатирано на Седница на Судскиот совет, на која предмет бил извештајот за работата судовите во земјава.
Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година, усвоен и објавен на ден 13.07.2016 година, Основен суд Велес во 2015 година успеал да го совлада приливот на ново примени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети. Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2015 година е оценет како ефикасен и ажурен суд.
Судот 2015 година ја започнал со вкупно 2.499 нерешени предмети од претходната година, во текот на годината се примени 18.096 предмети, така што вкупно во работа имало 20.595 предмети. Од нив решени се 18.102 предмети, а на крајот на 2015 година нерешени останале вкупно 2.493 предмети. Основниот суд Велес во 2015 година успеал да го совлада приливот на ново примените предмети и го намалил заостатокот за 6 предмети, со што се оценува како ефикасен и ажурен суд – стои во информацијата на Републичкиот судски совет.
Минатата година за работата на Основен суд Велес, биле поднесени 13 претставки. Како подносители на претставките се јавуваат физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, сојузи, адвокати и сл.
Основниот суд Велес има проширена надлежност за работа и го покрива подрачјето на Повардарјето, вклучувајќи ги и дел од предметите на Основните судови од Неготино, Кавадарци и Гевгелија.
Tweet |