Петар Печков
Објавено: четврток, 03 април 2014
Основниот суд Велес во 2013 година успеал да го совлада приливот на ново примените предмети и го намалил заостатокот за 254 предмети, со што се оценува како ефикасен и ажурен суд. Ова е оценката која тој ја доби од СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Бројките зборуваат дека Основен Суд Велес имал заостанати од 2012 3150 предмети, примени предмети лани 14458 , вкупно за работа во 2013 г. 17608, сработени предмети 14712, нерешени предмети на крајот од 2013г. 2896, или разлика на нерешени предмети од почетокот и на крајот од годината 254.
Со ова велешкиот суд кој е со зголемена надлежност за подрачјето на Неготино, Кавадарци и Гевгелија ја доби оценката ефикасен и ажурен.
На нивото на ОС на подрачјето на Скопје, каде припаѓа велешкиот суд тој е во врвот. Споредбено со другите судови во земјата тој е во средината по бројот на нерешени предмети на крајот од 2013 и почетокот од истата година. Во Основниот суд во Велес работат 17 судии.
Tweet |