Петар Печков
Објавено: вторник, 07 декември 2010
Републичкиот Судски Совет на денешната седница изврши избор на претседател на Основен Суд велес. Помеѓу петмината кандидати, членовите на РСС се одлучија за судијата Јордан Лазаров ( 61 год). Ова за ТРМР го потврдија од РСС.
Тој оваа функција претседател на ОС Велес ја вршеше во периодот 2001-ва -2006-та а беше исто така избран во времето на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ . Тој како судија во велешкиот суд е од 1984-та година и работи на граѓански предмети.
Ова беше петти обид за избор на претседател на ОС Велес, а процедурата започна на почетокот од годинава и завршува по 12 месеци, во кој период функцијата в.д ја вршеше Виолета Мојсова.
Tweet |