речник контакт

Велешкиот театар годинава домаќин на бројни домашни странски уметници

Во новиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, за 11 месеци од манифестацијата ,,Велес град на културата,, одржани 45 настани

Петар Печков

Кинеските артисти од  ,,Драгон  Кинг фу академијата,,  за кратко време ја распродадоа пролетва нивната претстава во Велес, ама долго се зборуваше за нивната уметност, модерен танц,  кунг фу  вештина. Тие беа еден од настаните кои ја исполнија новата театарска зграда  оваа  година а во рамките на манифестацијата ,,Велес град на културата,, .

Иако остануваат уште две седмици до календарскиот крај и бројни други содржини, велешкиот театар направи пресек на тоа што тие за изминативе 11 и пол месеци понудија.    

Одигравме 30-тина претстави,  кои ги видоа  7 илјади публика, додека во театарот се одржаа  45 настани,  дел на голема, дел   на  мала сцена кои беа посетени од 15 илјади гледачи. Оваа бројка од 22 илјади публика која ги посетила настаните во нашата зграда,  е една респектабилна  и ни е задоволство што бевме домаќини на толку многу артисти, што од земјава, што од странство - изјави Васил Зафирчев, уметнички директор на велешки театар.

 Најголемо внимание  кај публиката  привлекла  театарската продукција, потоа  музичкиот дел каде преовладуваше  класичната  музика, потоа  танцот и  современ балет кои беа  нова содржина во Велес.  Танц фест диспензираше дел од програмата во  Велес,  гостуваа Македонската опера и балет, а   потпишан меморандум  со велешки театар за соработка и до година  кога повторно ќе гостуваат  со по една балетска и оперска претстава.

На сцената на театарот  во Велес    гостуваа  речиси сите национални театри,  имаше гостувања на независна продукција. Сцената годинава беше домаќин и на два фестивали на античка драма ,,Стоби,, и на независниот ,,Импакт,, каде се претставија и театри од Романија, Словенија, Албанија, Грција, Турција.   Публиката имаше можност да ужива во танцот на националниот ансамбл  ,,Танец,,,. Ги слушаше Дуке Бојаџиев и Тони Китановски, џез исполнители, што во градот беше реткоста а сега вистински настан.  

Дел од настанети  кои се одржаа во нашата сцена,  одеа на штета на театарот, поради што редовната програма беше редуцирана. Од јануари продолжуваме  со редовна репертоар. Без оглед што Велес град на културата завршува и до година заедно со локалната власт предвиден е буџет и за следната година и праксата на гостувања продолжува - вели Зафирчев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »