речник контакт

Велешкиот театар гостува на Македонско културно лето во Мала Преспа

Ќе ја одигра ,,Спанаќ со пржени компири,,

Петар Печков

В сабота  велешкиот  театар  Јордан  Хаџи  Константинов   Џинот  ќе гостува  пред  Македонците  од  Мала  Преспа со  претставата ,,Спанаќ  со  пржени  компири,, .   Гостувањето е во рамките  на  фестивалот,, Македонско  културно  лето,, .   Велешките  актери  ќе  се претстават  пред  публиката  во    местото Леска. Директорот  Јордан  Витанов досега  присуствувал на  сите  осум  изданија  на  оваа  културна  манифестација, која е   во организација  на  актерот  Едмонд Сотир,кој е родум од овој крај.

И годинава одиме по  покана на драгиот колега Сотир. Задоволство е да играме пред тамошната публика, кој искрено и со нетрпение ги чека гостувањата на македонските театри. Тоа е голем настан за Македонците од Мала Преспа. Секогаш сме добри примени така што како театар ќе ја поддржуваме манифестацијата - вели Витанов.

Тие како театар  логистички и технички даваат поддршка во одржувањето  на   Македонско  културно  лето во Мала Преспа. Сите претстави се играат на отворено, бидејќи сали немало.   ,,Спанаќ  со  пржени  компири,, е работена по текст на унгарскиот автор Золтан Егреши а  режијата е на Ненад Витанов.

Приказната е за тројца фудбалски  судии пред за и по завршувањето на  натпреварот. Во претставата играат Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и гостинот од штипски театар Владимир Тулиев. На Илинден ан 2-ри Август, ќе бидат доделени и наградите за најдобар актер  и актерка.

Во конкуренција се четири претстави, освен велешката и ,,Последните Македонци,, на МНТ, ,,Македонска приказна,, на Театарот за деца и младинци и ,,Детектор за лаги,,  на Охридскиот театар. Жирито кое ќе ги вреднува одиграните ролји е режисерот Андреј Цветановски, актерите Зоран Љутков, Јордан Витанов, ланскиот награден Жарко Димоски и претставник од   општина Пустец. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »