Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јануари 2015
Министерството за култура одобри средства за четири премиери во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Публиката годинава ќе може да ги види: Кралот Иби на Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски, грчката трагедија ,,Федра,, во адаптација на Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски, која е копродукција со Словенско Младинско гледалишче од Љубљана и фестивалите ,,Импакт,, од Велес и МОТ од Скопје, куклената претстава ,,Зуринка,, на Гаврил Кадриу о ,,Класен непријател,, од Најџел Вилијамнс во режија на Теа Беговска. Останува на театарот со сопствени средства да организира премиери на помали претстави од камерен тип, за што сега постои и простор, малата сала од новиот театар.
Велешкиот театар остана должен да ја одигра претставата ,,Приказни од шестиот кат,, чии подготовки започнаа од август, но поради премиерата и отворањето на новата зграда, таа остана да се одигра во оваа 2015-та година. Според првите луѓе на театарот тоа треба да се случи во овој месец јануари. ,,Приказни од шестиот кат,, е работена по раскази на Драги Михајловски а во режија на Дејан Дамјановски.
Tweet |