речник контакт

Велешките шивачи го одбележаа нивниот празник Петровден

Шивачите ја следеле модата и градот секогаш имал убаво дотерани граѓани. На времето ги имало 70-тина, денес едвај десетина

Петар Печков

Велешките кројачи, шнајдери, шивачи го добележаа Петровден. Ова е нивниот патрон празник, кој се одбележува со години, со децении. Но како времето мине, така и бројката на шивачи во градот се намалува. Годинава ги имаше само десетина, но тие велат,  колку, сме толку сме.    

Се собираат во храмот Св. Пантелејмон. Велес отсекогаш бил град на занаетите и занаетчиите. Традицијата на нивното собирање не е прекината ниту по еден век на другарување и забава. Некои занаети одумирале, други се раѓале а занаетчиите од градот се дружеле.  Така е и секој Петровден, кога се собираат занаетчиите  по модерно модисти.

Оваа е традиција од постарите мајстори, ние ја продолжуваме.   Така  било од време, се слави на Петровден.   Вообичаено избираме домаќин за следната година. Се собираме во црква, домаќинот подготвува лепче, се одредува домаќинот до година и потоа се дружиме – вели    Орце Стојановски годинешен домаќин.

По завршувањето вообичаено продолжуваат шивачките муабети, како се работи, сега, како било некогаш. За настани и случки кои останале во сеќавање на занаетчиите.   Велешани отсекогаш сакале да бидат во тренд и модерни. Шивачите ја следеле модата и градот секогаш имал убаво дотерани граѓани. Оваа традиција е одамна. Не така одамна пред 3-4 децении  овде во тремот на црквата, тогаш се собирале 65 луѓе само мајстори, плус  чираци, калфи. 

Денес не има регистрирани шивачи петмина, најмногу. Се друго работи на црно.  Работа има слабо, не е како што беше на времето.  Конфекцијата си го направи своето, луѓето повеќе купуваат готови работи, ретко шијат. Помнам дека 70-тите години на минатиот век беа најдобрите времиња, до средината на 80-тите. Тогаш  се шиеше масовно, се чекаше по три-четири  месеци за да се сошие фустан, костум. Ова е тешка работа, со конец и игла да правиш нешто. Треба и живци и тоа дебели, секој муштерија со свој табиет. Има некој избирливи  други се просечни, како и луѓето – рече Стојановски,  сопственик на салонот ,,Мод стил,,.  

Според раскажувањето на тетка ми, Филимена, која беше шнајдерка, Петровден е нивен празник, оти Св. Петар е кројачот на судбината на луѓето, тој решава за животите а тие шивачите ја кројат облеката на луѓето, па затоа го празнуваат овој ден.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »