речник контакт

Велешките болни деца на рехабилитација на Пелистер

Триста и триесет деца од Велес во две смени престојуваат на воздушна рехабилитација на Пелистер.

Петар Печков

Тие поради здравствените проблеми од тридецениската работа на Топилницата заминаа на здрав планински воздух, кој ќе им помогне при заздравувањето од респираторните заболувања.

Ова е осма година по ред како невладината организација “Друштво на родители за грижа за здраво поколение” го организира овој здравствен камп.

Стопедесет деца летуваат бесплатно на сметка на Mинистерството за животна средина, дваесет деца се од социјално ранливите категории и тие се на сметка на Министерството за труд и социјална политика, десет деца се бесплатно, донација од градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров, додека стопедесет деца се со партиципација.

Годинава за првпат на Пелистер на седумдневна рехабилитација заминуваат и триесет деца од кавадаречкото село Возарци, кои имаат здравствени проблеми поради работата на Фени. По триесет деца доаѓаат и од селото Осломеј, кичевско, во близина  на истоимениот рудник за јаглен и од селото Миладиновци, кумановско кое е во непосредна близина на рафинеријата Окта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »