Петар Печков
Објавено: недела, 07 април 2024
Велешките одбојкарски ветерани со победа ги започнаа натпреварите во одбојкарската лига на ветерани, која е во рамките на натпреварите на Одбојкарската федерација на Македонија.
Во првото коло,кое се одигра во Гевгелија во тамошната спортска сала, ветераните на ОК Борец славеа со 2:1 над ветераните на ОК Шкендија од Тетово.
На овој натпревар играа Душко Анѓушев, Ѓоре Зафиров, Златко Жабев, Ѓоре Арсов, Слободан Марковски –Шуки, Сашко Миланов, Зоран Јовановски, Зоран Игнов, Александар Гулевски, Тодор Стојанов, Марјан Габеров и Горан Јанакиевски. Тренери се Јованче Манасков и Љупчо Настов.
Ќе се игра секој со секого а лигата брои осум клуба, освен велешани членови се и ветераните на Тетово, Прилеп, Гевгелија, две екипи од Струмица и Скопје.
Дополнително ќе биде одреден следниот град домаќин а во опција се Тетово и Струмица.
ТрМр ќе ги следи настапите на одбојкарите ветерани во оваа конкуренција и ќе информира за резултатите.
Tweet |