Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 ноември 2019
Ако пред седум дена, во сообраќајната контрола, на СВР Велес биле откриени десет возачи, кои возеле под дејство на алкохол, во ова викенд контрола ги имало далеку помалку, само четири, за период од шест часа.
Во периодот од 22 часот сабота до 4 часто недела, на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 16 прекршоци од кои четири во Велес, осум во Кавадарци и четири во Неготино - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.
Споредбено во Скопје биле откриени 52 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, во Куманово 50, во Штип 33, во Струмица 23, во Битола 35.
Tweet |