речник контакт

Велешките деца сепак на климатска рехабилитација (фото)

Педесетина деца, седум дена престојуваат во Михајлово, на планината Кожуф

Петар Печков

 Од вечера,  среда 50-тина деца од Велес се во планинското одморалиште Михајлово, кое на планината Кожуф. Таму ќе престојуваат седум дена.  Ова е активност во рамките на проектот за  климатска рехабилитација, поради загаденоста на почвата на градот.  Неа ја  реализира Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.  

Успеваме да се организираме и да донесеме 43 деца во Михалјово. Тука имаат одлични услови  за престој, забава, здрава животна околина, чист воздух, така што очекувавме дека ќе влијае на  нивната здравствена состојба. Времето го минат во забава, игри, прошетки  – велат од Друштвото.  

Петнаесет години таа се организираше преку Министерството за животна средина, но годинава со ребалансот средствата беа укинати. За заминување во Михајлово Општина  Велес помогна со  средства во висина од 100 илјади денари.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »