речник контакт

Велешките деца со попреченост на одмор во Грција

Други се одмараа и на Јадранот

Петар Печков

Велешките деца со попреченост одмораа во Грција. Ова летување е реализирано преку   Здружението на  лица со церебрална парализа Велес, со помош  на родителите на децата и локалната власт.

При крајот на месец мај тие биле во Неа Флогита, седум ноќевања. Групата броела 40 деца и нивни придружници – родители. Со финансиска помош на Општина Велес, бил  платен превозот, додека родителите го платиле престојот  и храната.   

Во два  наврати ја  искористивме можноста да летуваме во Црна Гора и таму треба да отстапиме место за други бесплатно да можат да престојуваат, моравме да бараме други можности. Две години бевме во Охрид а годинава децата беа во Грција. Ова го правиме самостојно со помош на родителите кој партиципираат дел од трошоците а Општина го плаќа превозот – вели Далиборка Златева претседател на  Здружението на  лица со церебрална парализа Велес.  

Со помош на ова здружение и Златева и годинава на одмор во Добре Воде –Црна Гора заминаа лица со попречености од Македонија и тоа во две смени. Деновиве се врати првата смена, од дваесетина лица која таму престојуваше 10 дена, со платен престој, сместување и храна.   За време не  престојот  тие ги посетиле Дубровник, Котор, Будва и манастирот Острог.  

Ова е петта година како таму одат  лица со попреченост  со нивни придружници, од различни граѓански здруженија од Македонија. Тие се сместени во апартмани, кои домаќините бесплатно ги отстапуваат, вон сезона. Во септември на исто вакво летување ќе оди нова,  десетта група досега. Во таа што се врати имало лица од Куманово, Скопје, Тетовско, Прилеп, Светиниколско, Крива Паланка, Битола.

Ова летување се реализира со помош на здружението ,, Хуманитарна фамилија,, од Бар Црна Гора, а освен од  Македонија таму доаѓаат лица со попреченост од Србија, БиХ и Црна Гора, во кој период тие се дружат, забавуваат и одмараат.   

Сите деца задолжително го посетуваат манастирот во Острог, Св. Василиј, со надеж дека тој ќе помогне, бидејќи е  исцелител. Така освен летување овој одмор има и хумана нитка, верувањето во помош, која може да се случи  – вели   Златева. Местото  Добре Воде се наоѓа помеѓу Бар и Улцињ на Јадранското крајбрежје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »