Петар Печков
Објавено: сабота, 13 август 2011
На оваа смотра се прославува 100 години извидништво на Балканот и смотратат е насловена како 100 години млади. Извидниците од Велес на оваа смотра се наогаат во заеднички логор со извидници од Велс, Словенија, Србија, Црна гора.
Смотрата е посетена од околу 4.000 млади од Европа и сите учесници ќе се дружат десет дена реализирајки активности од традиционалното извидништво, мировното образование, креативноста, старите занаети, патеките на предизвик и преживување, спортските активности, активностите на вода,екологија, служењето на зедницата,духовноста, христијанството, астрономијата.
Учеството на оваа смотра треба дека ке биде место каде што велешките извидници ке се стекнат и ке ги осовременат своите извиднички знаења и вештини со што многу подобро ке ја осовременат и популаризираат програмата за работа на велешкиот градски извиднички одред.
Tweet |