Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 мај 2016
Сениорите на ИО Димитар Влахов го освоија третото место на Купот на извидничко пријателство кој викендов се одржа во Ниш-Србија. Третата патрола која го постигнала овој резултат е во состав: Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Жаклина Гушева, Влатко Влахчев и Јордан Бајрактаров. Првото место во ова натпреварување го освоиле извидниците од Ријека (Хрватска), а второто место извидниците од Бања Лука (Босна и Херцеговина).
Изминатиот викенд Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваше на “41 Меморијал Чика Драги“ кој се одржа во од Ниш, Република Србија. Учество земале дванаесет извидници или три патролиод Велес. Истовремено се одржал и вториот Куп на извидничко пријателство, на кои што учество земаат извидници сениори од поранешна Југославија, а секоја година се организира во различна држава од поранешната Ју република.
Со постигнатите резултатот докажуваме дека во извиднички одред се практикува и работи топографијата и ориентацијата, а тоа е поткрепено со високиот пласман и на двете патроли на постари извидници. Со искуството стекнато на овие извиднички средби, Старешинството на Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се надева дека во наредната 2017 година ќе го добие организирањето на Купот на извидничко пријателтсво, со што ќе ги обедини извидници од поранешните Ју републики да бидат гости во Велес - велат од ИО Димитар Влахов.
На двете манифестации учество земале повеќе 250 извидници од Србија, Црна гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварувале во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.
Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на 41 Меморијал Чика Драги во категоријата на постари извидници ги освоија шестото и деветото место. Трите патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беа единствените преставници од Република Македонија.
Tweet |