Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јули 2015
Во период од 5 до 12 јули 2015 год. во село Скребатно – Охрид, се одржа тренинг за лидери – Школа за водачи на патроли и јата, на кој што од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваше со седум извидници и еден извидник како посетител.
На оваа обука која е дел од соработката на Сојузот на Извидници на Македонија и Данските извидници учесниците на тренинг кампот се обработуваа типови на лидери, мотивација, комуникација, добар лидер и неговите одговорности, конфликт менаџмент, процес метод , а воедно се стекнаа и со одредени вештини и знаења неопходни за водење на јато, патрола и дружина.
Во рамките на тренингот се организираше и дводневен хајк на кој што учество земаа сите велешки извидници на кои што престојуваа целосно во природа.
Покрај извидниците од Македонија на овој тренинг за лидери учество земаа и десет извидници од Данска. Преку оваа меѓународна соработка извидниците од Велес се стекнаа со дополнителни едукативни знаења за работа со деца и млади на возраст од 10-18 години со што ќе може во целост да се надгради одредската програма за работа која што секоја година е во континуиран раст на програмски активности за малди.
Tweet |