Петар Печков
Објавено: вторник, 25 февруари 2020
Велешките извидници, кои беа заедно со македонските, изминатиот викенд учествуваа на 8-те ,,Брѓански -сениорски средби на извидниците од регионот. Се одржаа во Бања Врујци - Србија а учествуваа извидници од Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна Херцеговина.
На оваа тридневна средба за учесниците се организираа повеќе тематски панели на кој се разговараше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заеднички проекти.
Делегацијата на Сојузот на Извидници на Македонија беше составена од 20 извидници од извидничките одреди “Димитар Влахов“ од Велес со четворица учесници, “Јадран“ од Скопје и “Крсте Јон“ од Струга.
Tweet |