Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јануари 2020
Дел од институциите на локално ниво се со раководни лица, вршители на должност. Средношколскиот дом, Градскиот музеј, ЈКП Дервен, ЈП Парк спорт, Детските градинки сите имаа за директор вршител недолжност. Некои од нив ЈКП Дервен и ЈП парк спорт овие две години, со пременат на власта на локално ниво, под чија ингеренција се овие институции, имаат по три нови времени директори. Народниот музеј пак распишува конкурси а нема кандидати кои се јавуваат на нив.
За жал во Велес нема доволно квалитетни кадри, чести пати проблем се строгите законски услови за извршување на функцијата. Во недостиг на соодветни кадровски решенија мора да прибегнуваме на назначување на вршители на должност - рече градоначалникот Коцевски, кој ги поставува овие лица, објаснувајќи зошто на дел од институциите во општината има времени раководители. Додаде дека таков не е случајот во образованието, каде сите директори на општинските училиште се со цел мандат.
Tweet |