Петар Печков
Објавено: петок, 01 август 2014
Од велешката полиција стигнуваат пофалби за велешките малолетници. Кај нив нема регистрирано дела против оваа категорија на младинци. Бројките покажале дека велешките малолетници, најчесто средношколци се примерни.
Не можеме да се пожалиме дека во Велес има зголемен број на малолетници кои користат алкохол, да учествуваат во тепачки или пак малолетниците да бидат учесници вод руги кривични дела – вели Снежана Пановска задолжена за малолетничката деликвенција при СВР Велес.
Но ако во делот на јаваниот ред и мир и кривичните дела, малолетниците се примерни, спротивно на ова како учесници во сообраќајот, најчесто како возачи на мопеди тие не ги почитуваат законите. Не носат заштитни шлемови, популарни кациги. Тоа е нивната единствена и најголема младешка вина.
Tweet |