Петар Печков
Објавено: вторник, 31 мај 2011
Поради слабиот интерес на средношколците од завршната четврта година, тие годинава не танцуваа заедно со нивните колеги од останатите градови во Македонија но и од регионот. Организаторот - локланата власт вели дека причина за ова е нискиот лански интерес, само 16 пријавени, а годинава и помалку, поради што не се одржа.
„Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, и се игра во четири слики Панталон, Ете, Пасторел, Финале и трае осум минути.
Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и Гинисов рекорд во синхронизирано танцување. Во Велес се одржуваше три години од 2008-та до 2010-та.
Tweet |