речник контакт

Велешките пазарџии

Велешките пазарџии најавуваат граѓанска непослушност, неработа и затворање на пазарот, поради...

Петар Печков

Велешките пазарџии најавуваат граѓанска непослушност, неработа и затворање на пазарот, поради најавите на ЈКП Дервен за дислокација на тезгите но и поради покачување на цените за нивно  изнајмување.

Од почетокот на наредниот месец Дервен кој работи со Градскиот пазар планира  тезгите да бидат распоредени според стоката што се нуди, па така на горниот Пазар да има мешовита стока, додека на долниот дел од пазарот земјоделските производи.

Оваа мерка била превземена во согласност со Законот за трговија, коментираат од ЈКП Дервен, пазарџиите пак велат дека и сега има ред.

- Со исклучок на некоја тезга и сега пазарот е поделен, така што нема потреба од вакви радикални чекори. Со дислоцирање на овие неколку трговци ќе се реши проблемот, а не сите за само тројца поединци да трпиме - велат пазарџиите кои го искористија непазарниот ден да се сретнат и договорат за натамошните нивни активности.

Тие не ја прифаќаат одлуката да се истакнува фирма на секоја тезга а посебно реагираат на цените за изнајмување кои треба да важат од први феврурари.

Со неа посебно ќе биле погодени пиљарите, кои наместо досегашните 2 илјади денари ќе плаќале 4,5 илјади денари. Од ЈКП Дервен велат дека есапот на трговците не бил точен и дека тие, како и другите пазарџии на мешовита стока, ќе плаќаат помалку од тоа што плаќале досега.

Пазарџиите на овој собир уште еднаш ја потсетија локалната власт и надлежните инспекции на нивното барање за отстранување на дивите тезги, лоцирани надвор од Градскиот Пазар, кои ги има повеќе отколку што има трговци внатре.

- Ако се сака да се воведе ред, нека  се почне од дивите продавачи надвор од Пазарот. Така ќе се покаже дека функционира системот -  порачаа велешките пазарџии.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »