Петар Печков
Објавено: петок, 27 мај 2016
Кавадарци беше домаќин на 21-те Регионални игри на пензионерите. Учество земаа повеќе од 300 натпреварувачи а меѓу нив со 50 спортисти пензионери беа и велешани.
Се натпревруваа во пикадо, мали голчиња, шах, изведување слободни фрлања во кошарка, стрелање, атлетика - фрлање на ѓуле, скок од место, тегнење на јаже, шутирање на мали голчиња, шах, домино, табла.
Велешани прво место освоија во жени - мали голови, во ателтика, шах мажи и жени. На крајот севкупно првото место го освои домаќинот Кавадарци а втори беа Велес.
На 21-те регионални спортски игри на пензионерите учествуваа гости од Велес, Кавадарци, Гевгелија, Дојран, Демир Капија, Неготино, Валандово, Богданци. Победниците одат на завршницата од Републичките игри.
Tweet |