Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јуни 2016
Велешките пензионери беа прогласени за најдобри на Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016 која се одржа во Домот на АРМ во Скопје. Меѓу дваесетте состави учесници, велешани со нивната изведба, кореографија на песните, го освоила жирити и публиката, па ја добила наградата за најдобри.
Веселите пензионери од Велес настапија со песните ,,Болен ми лежи,, ,, Налеј, налеј,, и ,,Ај што убаво одат,,. Сите три се според кореографија на актерката Весна Бобевски. Како победници на овој државен натпревар, велешките пензионери наесен ќе учествуваат во Словенија, во Љубљана на Балканска смотра на пензионерски пеачки друштва.
Еве линк до една од песните а во изведба на велешките пензионери:
Tweet |